ТРАНСФЕР ОД ГРЦИЈА ВО ЧЕШКА

Репрезентативката Серафимова потпиша за Славија Прага

Македонската репрезентативка Матеја Серафимова од Грција се сели во чешкиот вице-првак Славија Прага.

објавено: 4 јули 2018 - 16:30

Серафимова на интернационалната сцена дебитираше лани кога го напушти Металург и потпиша за ПАОК. По една сезона во грчкиот тим, таа се реши за нов предизвик.

„Сакав да направам чекор напред во кариерата. Минатата година бранев во Грција, во клуб во кој имав добри услови, но сакав да напредувам. Имав понуди од Норвешка и Франција, но Славија е добар клуб, ќе игра во Европа и затоа се решив да потпишам овде", изјави Серафимова по потпишувањето на договорот.

Македонската голманка ќе биде дел од тимот на нашиот стратег Рубин Кузманоски, а ќе има сериозен предизвик со оглед на тоа дека во тимот доаѓа како алтернатива по заминувањето на голманката Петра Кудлачкова, која потпиша за шведски Кристијанштад.

Најново во Ракомет