БИЛ НА РЕЧИСИ СИТЕ СВЕТСКИ, ДОЈДЕ И ВО КЛУЖ

„За ракометарите ќе одам и до „крај на светот"

Македонската ракометна репрезентација и во Клуж ќе има поддршка од трибините. 

објавено: 13 јуни 2018 - 12:00

Од Клуж, Марија Ковачева

Македонците се вистински фанатици за ракометот. И на репрезентативно и на клупско ниво, овој спорт засега е најуспешен во нашата земја. Деновите на радост ги живееме благодарение на нашите ракометари.

На секое големо натпреварување репрезентацијата е вистинска атракција, токму поради фановите кои се подготвени да дојдат и на „крај на светот" за да ги поддржат играчите.

Битолчанецот Томе е еден од оние на кого ракометот му е во крвта. Без да се мисли многу, запалил кола и дојде во Клуж да ги поддржи ракометарите, надевајќи се дека денеска заедно со нив ќе го прослави новиот пласман на Светското првенство.

Македонија бара виза за шеттиот Мундијал, а Томе e редовно на трибините, поточно од 2009 година.

„Не жалам за ниту еден поминат километар. Овие момци, оваа репрезентација ја заслужува нашата поддршка, секогаш играат со срце. Од 2009 година па наваму немам пропуштено натпревар, и тоа само не на големите натпреварувања, туку и квалификациите", ни рече Томе, кој е сигурен дека Македонија не само што ќе обезбеди пласман на СП, туку и ќе ја победи Романија. Тој во Клуж дојде со Александар, кој исто е од Битола. 

Најново во Ракомет