НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ГО СПОМЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР

Вујо повторно го „закачи“ Раул: Тој е паметен, нема да остане селектор на Македонија

„Улогата на селектор и тренер можеби краткорочно може да се издржи, но тешко долгорочно. Раул е паметен, тој нема да остане селектор на Македонија“, вели Вујовиќ. 

објавено: 1 февруари 2019 - 17:23

Црногорскиот тренер одново во интервју го „закачи“ селекторот на Македонија Раул Гонзалез, сметајќи дека тој нема да остане селектор на нашата земја. Притоа, го нарече „паметен“. 

Оваа изјава доаѓа на прашањето дали селекторот на Данска Николај Јакобсен ќе може да издржи да ја води и данската селекција, и тимот на Рајн Некар Левен. 

„Кога се вратив од ОИ во Рио во Загреб бев празен. Сега Николај ќе биде таков, и мислам дека Левен тоа ќе го плати. Исто така мислам дека и Раул ќе биде празен. На тоа високо ниво тоа се плаќа. Тоа може во краток период да се издржи, но на долг рок ќе има последици. Но, Раул е паметен, нема повеќе да биде селектор на Македонија“, рече Вујовиќ. 

На прашањето за Македонија на изминатиот Мундијал зошто го немал Прибак, тој одговори.

„Можеше Прибак да игра. Можеше и Никола Марковски, но не играа. Тоа е прашање за Раул „Ел Команданте“. - изјави Вујо. 

Најново во Ракомет