Од Клуж, Марија Ковачева
Потег на голем човек, но и соиграч направи романскиот репрезентативец Драгош Соаре за кого не претставуваше проблем да дојде во соблекувалната на Македонија, по елиминацијата во баражот за СП 2019 и да им честита на македонските ракометари.
Соиграчот на Никола Митревски и Велко Маркоски во редовите на романска Констанца, дојде да ги поздрави своите клупски другари и да им посака среќа на мундијалот следната година.