РАКОМЕТАРИТЕ ПАТОТ КОН ЕП 2020 ГО ЗАПОЧНУВААТ ВО БИТОЛА

Турција се „урива" во „градот на конзулите"

Македонија го брка шестото учество на едно ЕП или петто во низа (од 2012 година навака). Како за „загревање" на патот и стои репрезентација која никогаш досега не се нашла на еден финален турнир на Стариот континент.

објавено: 25 октомври 2018 - 13:00

За првпат во еден квалификациски циклус машката сениорска репрезентација на Македонија влегува како голем фаворит, а таквата улога ќе има можност да ја потврди уште вечерва (20:15 часот) кога во салата „Боро Чурлевски" во Битола ќе ја пречека Турција во отворањето на циклусот за Европското првенство 2020 година.

Уште во април кога ждрепката ја смести Македонија во рамките од групата три селекторот Раул Гонзалез и момците беа свесни дека вратите кон нов континентален собир им се широко отворени.

Македонија го брка шестото учество на едно ЕП или петто во низа (од 2012 година навака). Како за „загревање" на патот и стои репрезентација која никогаш досега не се нашла на еден финален турнир на Стариот континент.

Турците се далеку од рангот на нашиот национален тим, но тоа не дава за право да бидат потценети, туку напротив Македонија треба да да ја потврди својата големина на теренот во Битола и да ги запише првите два бода.

Во прилог ни одат и двете победи од далечната 2005 година, кога Македонија и Турција последен пат се имаат соочено во квалификациите за ЕП 2006, исто така во групната фаза.

Но, од друга страна како предупредување за македонските репрезентативци стои и податокот дека селекцијата на Турција имаше добра подготовка за овој циклус летово и настапи на Медитеранските игри во Мерсин, на кои го освои бронзениот медал.

Машкиот репрезентативен ракомет по 15. години пауза се враќа во „градот на конзулите". Последен пат националниот тим во Битола играл со Унгарија во 2003 година.

 

Најново во Ракомет