„ПЕЧЕНИ“ ЗА ПРВА ПОБЕДА

Турција без двајцата најдобри ракометари против Македонија

Првиот противник на македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година го објави списокот. 

објавено: 9 октомври 2018 - 10:11

Портите за прва победа на македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година широко се отворени. Првиот противник, селекцијата на Турција во Битола ќе допатува без двајцата најдобри играчи. 

Рамазан Доне кој е број еден играч на Турција и член на Бешикташ не се најде на списокот од 19 играчи на селекторот Илкер Шентурк. Десниот бек беше во составот на последниот меч против Косово, засега нема информации околу причините за неговото отсуство. Турците против Македонија ќе настапат и без пикерот на Бешикташ, Толга Озбахар.

Селекторот Раул Гонзалез и неговите избраници ќе мора да внимаваат на Чан Челеби, десниот бек на Нексе ќе биде лидер, замена за Доне.

Македонија ќе ја пречека Турција на 25 овој месец во Битола, вториот квалификациски меч го игра три дена подоцна кога и гостува на Грција. Покрај овие две репрезентации во нашата група 3 се наоѓа и селекцијата на Исланд. 

Најново во Ракомет