ВО НАЈДОБРО МОЖНО СВЕТЛО МОРА ДА СЕ ОДИГРА НА РЕВАНШОТ

ТАЛЕСКИ: Мора да сме на ниво во Клуж, во спротивно можно е чудо

„Денеска сите гледаат видео, анализираат и може да ни ги најдат слабите точки и тоа лошо да се одрази на нас. Мора да собереме сила и да покажеме дека знаеме одлично да одиграме не само на домашен терен, туку и на гости“ - заклучува бекот на РНЛ.

објавено: 12 јуни 2018 - 16:00

Македонските репрезентативци во пресрет на реваншот со Романија имаат залиха од осум гола, но исто така се свесни и самокритични потенцирајќи дека не смее да им се повторат големиот број на технички грешки во утрешниот дуел во Клуж.

„Од резултатот во Скопје може да бидеме задоволни, но не и од играта. Имавме многу недостатоци во одбраната, многу грешки, но зад нас го имавме Борко Ристовски, кој беше маестрален. Во нападот многу избрани напади, загубени топки, нереализирани зицери кои не смеевме да ги имаме.

Сепак одиме со убава гол разлика во реваншот и ќе мора да се подготвиме уште подобро затоа што ако одиграме таков натпревар на гости може да се случи чудо. Денеска сите гледаат видео, анализираат и може да ни ги најдат слабите точки и тоа лошо да се одрази на нас. Мора да собереме сила и да покажеме дека знаеме одлично да одиграме не само на домашен терен, туку и на гости и се надевам дека ќе извојуваме победа и ќе славиме пласман на уште едно СП.

Во Скопје не бевме на нашето ниво и резултатот до некаде е заслужен, до некаде не и ако нешто се случи во реваншот, да не играме на наше ниво може да доживееме непријатно изненадување", потенцира бекот Филип Талески.

Македонија реваншот со Романија, утре (17:30 часот) го чека со предност по триумфот во Скопје, 32:24.

Најново во Ракомет