И ПОКРАЈ ПРЕДНОСТА ОД ОСУМ ГОЛА СО КОЈА ПАТУВАМЕ ВО РОМАНИЈА

СТОИЛОВ: Нема опуштање, баражите се непридвидливи

„Треба работата да си ја сфатиме сериозно како во Скопје и да ја завршиме докрај“, дециден е пикерот.

објавено: 12 јуни 2018 - 13:00

Македонија е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Светското првенство во Данска и Германија во јануари следната година, но за да го завери билетот за истото мора да го одработи реваншот со Романија.

Предност од осум гола имаат македонските репрезентативци, но и покрај тоа се крајно внимателни.

„Осум гола не можеме да кажеме дали се доволно или не. И ние сме се враќале со негатива од седум-осум гола, па сме добивале во Скопје. Бараж натпреварите се непредвидливи, не знаеш како ќе ти тргне, како ќе се мотивираш за натпреварот. Имаме осум разлика, се надевам дека нема тоа да доведе до опуштање и да си имаме проблеми таму. Треба работата да си ја сфатиме сериозно како во Скопје и да ја завршиме докрај“, вели кружниот напаѓач, Стојанче Стоилов.

Дуелот меѓу Романија и Македонија е закажан за утре, 17:30 часот (по македонско време) во салата „Хориа Демјан“ во Клуж.

 

Најново во Ракомет