ВО ПРЕСРЕТ НА РЕВАНШОТ СО РОМАНИЈА ЗА ПЛАСМАН НА СП

СИТЕ СЦЕНАРИЈА ВО НАША КОРИСТ: Победа, реми, пораз од -7, сè и одговара на Македонија

Кога математиката е во прашање, оние осум гола предност од првиот меч во Скопје, им даваат на македонските репрезентативци и тоа каква комоција пред попладневниот дуел со Романија. 

објавено: 13 јуни 2018 - 10:20

Од Клуж, Марија Ковачева

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го заверува пласманот на Светското првенство во Данска и Германија во јануари следната година.

Кога математиката е во прашање, оние осум гола предност од првиот меч во Скопје (32:24), им даваат на македонските репрезентативци и тоа каква комоција пред попладневниот дуел со Романија во Клуж.

Слободно и без притисок, а во таков случај се игра најдобро, може момците на Раул Гонзалез да истрчаат на теренот, бидејќи сите сценарија се во нивна корист.

Било каква победа над Романија, реми, како и пораз до седум гола би значел пласман на нашата репрезентација на мундијалот во Данска и Германија. Дури и пораз од осум гола, може да не однесе на СП, но треба да дадеме повеќе од 24 погодоци.

Единствена опција која не ни одговара е Македонија да даде под 24 гола на гостувањето во Клуж, а Романија да постигне повеќе од 32 гола – што е тешко остварлива ситуација.

Најново во Ракомет