Селекторот на ракометарките има поставено цел

Симовски: Малку среќа ни е потребно да го исполниме сонот за СП

објавено: 2 декември 2018 - 21:51

По остварената трета победа на квалификацискиот турнир во Скопје, селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, задоволен најави дека Македонија покажа дека има тренд на прогрес во женскиот ракомет кај нас.

„Се подготвувавме долго за овие три меча. Девојките го испочитуваа договореното, одигравме како што треба, дисциплинирано, во одбрана на моменти дрско, како што личи на една ракометна игра. Наметнавме некој систем на игра, задоволен сум со овие три победи. Одиме во нагорна линија, која благодарение на трудот кој е вложен, ме прави задоволен. Ќе чекаме бараж, два меча не делат од сонот, па сега останува да видиме што ќе се случи“.

За шансите да се стигне на светското првенство, Симовски додава:

„Ако работиме квалитетно, професионално и ако секоја од девојките го прифати тој начин на работа, секогаш може да се исполнат целите. Јас имам некоја цел и се надевам дека ќе ја исполнам. Неблагодарно е да се посакува некој посебно за противник во тој бараж, бидејќи сите селекции се со посебно реноме. Не би издвоил никого, затоа што ние треба да ја гледаме соспствената игра и потоа да гледаме на ривалот. Малку среќа ни треба во баражот.“

Најново во Ракомет