ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ

Штербик, Македа, Кањелас, Душебаев...на списокот на Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија, еден од противниците на Македонија на Светското првенство 2019 година го објави поширокиот спсиок.

објавено: 11 декември 2018 - 18:13

Репрезентацијата на Шпанија, еден од противниците на Македонија на Светското првенство 2019 година го објави поширокиот списокот. Селекторот Жорди Рибера одбра 28 ракометари, а меѓу нив се најдоа некогашните играчи на Вардар, Арпад Штербик, кој на Европското првенство дојде за најважниот меч и донесе злато на својата земја. Покрај него повикани се уште Хорхе Македа, Алекс Душебаев и Жоан Кањелас. 

Македонија и Шпанија ќе се сретнат на 16-ти, дуелот се игра во 20:30 часот. Покрај Шпанија во нашата група уште се селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахраин.

 

Најново во Ракомет