НЕ МОЖАТ ДА ПРОДАДАТ 2.500 БИЛЕТИ

РОМАНИЈА НЕ Е МАКЕДОНИЈА: Засега ниту половина сала не е распродадена

На два дена пред реванш меѓу Романија и Македонија, во Клуж нема некоја голема заинтересираност за овој меч.   

објавено: 11 јуни 2018 - 12:00

Нашиот најуспешен национален тим е пред прагот на ново Светско првенство. Раул Гонзалез и неговите избраници ја совладаа Романија со 32-24 на првиот бараж двомеч за пласман на Мундијалот, предност која мора да биде доволна за реваншот во Клуж.

Романците пред дуелот со Македонија имаа големи амбиции, поставувањето на Чави Пасквал на селекторското место им ја врати надежта дека по долго време ќе се вратат на големите натпреварување. Токму поради ова одлучија реваншот да го играат во помалата сала во Клуж „Хореа Демјан“, но математиките не им излегоа.

Сонот згасна во Скопје, а според последните информации, ниту продажбата на билетите не оди како што посакуваат. Салата има капацитет од 2.500 места, досега не се продадени ниту половина карти, чија цена е 400 денари или 300 леи.

Нашата репрезентација за Клуж заминува утре рано наутро со чартер лет, дуелот се игра во среда со почеток во 17:30 часот по македонско време. 

Најново во Ракомет