ПРОТИВНИКОТ ИМА САМОДОВЕРБА

Романците едногласни: Македонија не е Шпанија или пак Франција...

Романската репрезентација, противникот на Македонија за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Франција и Германија, стартуваше со подготовките. 

објавено: 5 јуни 2018 - 11:30

Романската репрезентација, противникот на Македонија за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Франција и Германија, стартуваше со подготовките. Ракометарите се свесни за квалитетот на избраниците на Раул Гонзалез, но Чави Пасквал, нивниот предводник и желбата да се вратат на големите натпреварувања им даваат голема надеж дека ќе успеат да ја елиминираат македонската репрезентација. 

„Македонија е репрезентација која постојано е на големите натпреварувања. Нема да биде лесно, но нема да биде ни многу тешко. Тие не се Шпанија или Франција", изјави Александру Чепреги.

Десниот бек на романската селекција предност гледа во тоа што реванш мечот го играат пред својата публика во Клуж. 

„Не чекаат два тешки натпревари, но имаме сила. Наша мала предност е што реваншот го играме на домашен терен. Затоа ќе се обидеме во Скопје да дојдеме до добар резултат, а потоа со нашите навивачи да славиме дома. Одиме со намера да победиме во Скопје", изјави Демис Григораш.

Македонија и Романија првиот меч го играат во недела (20:30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“, три дена подоцна во Клуж се игра реваншот. Билетите веќе се пуштени во продажба и може да се набават по цена од 100 и 200 денари. 

Најново во Ракомет