Битката за бараж за СП 2019 со слободен влез

РФМ ги отвора вратите за натпреварите на ракометарките во СЦ „Борис Трајковски“

Македонија е во групата 4, заедно со селекциите на Азербејџан, Исланд и Турција. Квалификациските натпревари ќе се одржат во Спортски Центар „Борис Трајковски.

објавено: 16 ноември 2018 - 13:52

Ракометна Федерација на Македонија ќе биде организатор на меѓународниот квалификациски турнир од првата фаза за обезбедување пласман во бараж натпреварите за СП Јапонија 2019 во женска конкуренција. Светското првенство за сениорки ќе се одржи во Јапонија кон крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година, а Македонија е во групата 4, заедно со селекциите на Азербејџан, Исланд и Турција.

Квалификациските натпревари ќе се одржат во Спортски Центар „Борис Трајковски" со следнинот распоред:
30.11.2018 (петок)
18:00 часот Македонија – Азербејџан
20:00 часот Турција – Исланд
01.12.2018 (сабота)
18:00 часот Исланд – Македонија
20:00 часот Азербејџан – Турција
02.12.2018 (недела)
18:00 часот Исланд – Азербејџан
20:00 часот Турција – Македонија

Првопласираната репрезентација од квалификациската група ќе обезбеди учество во бараж натпреварите (втора фаза ) кои ќе се играат во јуни 2019 година како и втората најдобро рангирана селекција од сите четири групи.

Влезот за натпреварите ќе биде слободен. Ракометна Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на ракометот да ја бодрат женската сениорска репрезентација на претстојните квалификациски натпревари.

Најново во Ракомет