ВО БИТКАТА ЗА 15. МЕСТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Раул со две промени, за Чиле повикани Даскалоски и Лазаревски

Денеска „црвено-жолтите" ќе го играат својот последен натпревар на Мундијалот во Данска и Германија 2019...

објавено: 20 јануари 2019 - 08:28

Спортмедиа во Келн, Марија Ковачева

Македонската репрезентација во Келн со почеток од 13:00 часот за 15. позиција на Светското првенство ќе игра против селекцијата на Чиле.

Досега селекторот Раул Гонзалез не правеше промени, но еве сега се одлучи за завршниот меч со две промени во составот.

Шанса добива голманот Златко Даскалоски кој го менува Борко Ристовски, а се очекува своја минутажа да има и пивотот Милан Лазаревски кој ќе го замени централниот бек Марио Танкоски.

СОСТАВ: Златко Даскаловски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Милан Лазаревски.

Најново во Ракомет