„ЕЛ КОМАНДАНТЕ“ СЛЕТА ВО СКОПЈЕ

Раул од авион на тренинг

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез од вечерва ја превзема командата. 

објавено: 25 декември 2018 - 19:51

Вистинските подготовки за Светското првенство во Германија и Данска, стартуваат вечерва. Селекторот на нашиот најдобар национален тим, Раул Гонзалез пред малку слета на аердромот во Скопје и веднаш се упати кон СЦ „Борис Трајковски“, токму поради доцниот лет, тренингот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Од шпанскиот стратег се очекува да направи совршен спој од искусните ракометари и младите сили, кои пак овој пат ги има во голем број, и да го среди хаосот по оној срамен пораз од Грција. 

Покрај Гонзале, треба да се појават Борко Ристовски и Филип Лазаров, кој не беа на вчерашната прозивка. Последен во стројот ќе се приклучи Филип Талески, кој има обврски со Рајн Некар.

Македонската репрезентација во рамките на подготовките за СП ќе одигра две контролни средби против Србија во Скопје. Токму по овие два меча ќе биде познат конечниот список за Германија, каде во групната фаза „црвено-црните“ силите ќе ги одмерат со Бахреин, Јапонија, Шпанија, Хрватска и Исланд. 

Најново во Ракомет