ШПАНЕЦОТ ПРЕСЕЧЕ

Раул го скрати списокот за Романија

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, го скрати списокот за подготовките за бараж натпреварите за пласман на СП 2019 против Романија.

објавено: 29 мај 2018 - 13:50

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, го скрати списокот за подготовките за а бараж натпреварите за СП 2019 против Романија.

Собирот е закажан за 4 јуни 2018 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Веднаш потоа, ќе се одржи и првиот тренинг на репрезентацијата, од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски". Селекторот Раул Гонзалез, за собирот повика 20 ракометари:

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

Двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски", додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.

 

Најново во Ракомет