ШПАНСКИОТ СТРАТЕГ СО 28 ИМИЊА

Раул го објави поширокиот список за Светското првенство

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез објави список од 28 играчи за Светското првенство во Германија. 

објавено: 10 декември 2018 - 14:36

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез објави список од 28 играчи за Светското првенство во Германија. Првиот собир најверојатно ќе биде на 17 декември, но без шпанскиот стратег, кој во Скопје треба да дојде неколку дена подоцна, додека пак националниот тим ќе биде комплтен по 23 или 24 декември, поради обврските на ракометарите кон своите клубови. 

Од искусните имиња на списокот го нема Ацо Јоноски, што се однесува до помладите играчи, повик доби Милан Лазаревски од Металург, а тука се и неговите соиграчи Јагуриновски и Серафимов, кои го чекаат своето место во „потесниот“ список по повредата на Велковски. 

Во рамките на подготовките репрезентацијата на Србија ќе биде единствениот спаринг – партнер пред Мундијалот, двомечот ќе биде одигран на 4 и 5 јануари следната година во Скопје, во базата на репрезентативците.

Македонија на СП 2019, кое се игра од 10 до 27 јануари, е дел од групата Б во Минхен, каде за противници ги има репрезентациите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и актуелниот европски првак Шпанија. 

Трите првопласирани репрезентации продолжуваат во главната фаза, каде ќе се борат за пласман на ОИ или квалификациите за ОИ, додека останатите три ќе играат во Президент Куп.

Најново во Ракомет