ВТОРИОТ ПРОТИВНИК ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ

Ракометарите имаат дополнителна причина да ја „распарчат“ Грција

Репрезентацијата на Грција е вториот противник на македонската ракометна репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 година. 

објавено: 12 октомври 2018 - 17:34

И селекторот на грчката ракометна репрезентација го објави списокот за квалификацискиот дуел со Исланд и Македонија за пласман на Европското првенство 2020 година. Јанис Арванитис на овие два натпревари нема да може да смета на најдобриот стрелец, левото крило Вирон Пападопулос.

Натпреварот меѓу Грција и Македонија се игра 28 октомрви, претходно Раул Гонзалез и неговите избраници во Битола ќе бидат домаќини на Турција. 

Состав на Грција: Цилимпарис, Аракопулос, Карампурниотис, Лапис, Цилис, Цирас, Кандилас, Критикос (Олимпијакос), Пападонисиу, Зампунис, Милонас, Домприс (АЕК), Лоциос, Арампацис (ПАОК), Гургумис (Драма), Малиос (Б. Беледијеспор, Турција), Пасиас (Пост Шверин, Гер).

Најново во Ракомет