ГОНЗАЛЕЗ НАСКОРО ЌЕ ГО ОБЈАВИ КОНЕЧНИОТ СПИСОК

Претпоследен тренинг на македонските ракометари пред заминувањето за СП (ФОТО)

Сите 20 ракометари ќе бидат и на последните два тренинзи, додека утре изутрина (05:50) репрезентација преку Загреб патува за Минхен.

објавено: 8 јануари 2019 - 10:14

Селекторот Раул Гонзалез конечниот список ќе го објави по вториот тренинг денеска, а неофицијално на Светското првенство во Данска и Германија ќе смета на услугите на 18 играчи.

Да потсетиме, нашата најдобра репрезентација ќе го започне настапот на Мундијалот на 11. јануари (петок) против Јапонија со почеток од 15:30 часот.

Во групата Б ќе играме уште против селекциите на Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Првопласираните три репрезентации ќе се пласираат во следната фаза.

Најново во Ракомет