РАКОМЕТАРИТЕ ГО ОДРАБОТУВААТ ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНИНГ

Пекол е во сала „Хореа Демјан“, Романците не ни пуштаат клима

Ниту во Клуж температурите не се поинакви од Скопје, надвор е вистински пекол. Ништо поразлично не е ниту во салата „Хореа Демјан" во која Романија и Македонија утре ќе го одиграат реванш бараж мечот. 

објавено: 12 јуни 2018 - 18:30

Од Клуж,

Марија Ковачева

Ниту во Клуж температурите не се поинакви од Скопје, надвор е вистински пекол, не се дише. Ништо поразлично не е ниту во салата „Хореа Демјан" во која Романија и Македонија утре (17:30 часот по македонски време) ќе го одиграат реванш бараж мечот.

Нашите ракометари во моментов го одржуваат единствениот тренинг пред натпреварот, во салата нема воздух, климатизацијата за денеска најверојатно не е предвидена, Романците сакаат да не испровоцираат, бидејќи друго оружје немаат, квалитетот е нашата страна. 

Иако едвај издржуваат, сепак нашите ракометари се вистински професионалци, без никаков проблем ги спроведуваат задачите на селекторот, Раул Гонзалез.

 

Најново во Ракомет