РОМАНСКИОТ СЕЛЕКТОРОТ ВО ПРЕСРЕТ НА РЕВАНШОТ

ПАСКВАЛ ИСКРЕН: Разликата во квалитет се виде уште во Скопје, но не се предаваме

Дека шансите Романија да направи изненадување во реваншот се мали му е јасно и на шпанскиот стратег.

објавено: 13 јуни 2018 - 13:26

Од Клуж, Марија Ковачева

На Романија и е јасно дека е пред елиминација и дека шансите за враќање на големата сцена, односно на едно СП ќе мора да ја бара преку некоја друга репрезентација, не Македонија.

"Мислам дека на првиот натпревар јасно се виде разликата меѓу двата тима во моментов, но нашата интенција е да бидеме што поблиску. Но, реалноста е таа што ја видовме. Ние бевме инфериорни во сите фази од играта и резултатот само ја потврди разликата меѓу двете репрезентации. Но, тоа не значи дека нема да се обидеме да победиме на денешниот дуел во Клуж. Знаејќи ја тежината на ваквите дуели и квалитетот на Македонија, ќе се бориме со сите сили за победа" – изјави Чави Пасквал на прес-конференцијата пред денешниот втор натпревар со Македонија.

Реваншот Романија и Македонија се игра попладнево, 17:30 часот во Клуж.

Најново во Ракомет