За шампионатот во Грузија

ПАДНА ОДЛУКАТА: Брестовац ги одбра 16 најдобри за Тбилиси

Македонската ракометна репрезентација до 18 години в петок ќе ги почне натпреварите на ЕХФ-шампионатот..

објавено: 6 август 2018 - 10:45

Селекторот на овој наш национален тим Данило Брестовац го направи финалниот избор, ги издвои 16. ракометари кои ќе играат за место во европската прва лига.

По еднонеделните подготовки во Маврово, Брестовац се реши понатаму да продолжат следниве играчи:

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј.), Виктор Василевски (Металург 2)
Леви крила: Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2)
Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга)
Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар)
Средни бекови: Мартин Карапалески (Вардар Ј.), Бобан Каковски (Еурофарм), Дејан Џигероски (КЛ7)
Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец)
Пикери: Кристијан Симоноски (КЛ7), Кристијан Анѓелковски (Вардар Ј.), Андреј Митиќ (Металург 2)

Според календарот на активностите на стручниот штаб, денеска и утре е слободен ден за, во среда е последниот тренинг во Скопје, а ден подоцна се патува за Тбилиси.

Инаку, Македонија ќе игра во група со Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и со Луксембург, а целта е пласман на второто место, кое носи во полуфинале.
Само победникот од овој турнир ќе се пласира во највисокиот европски ранг.

 

Најново во Ракомет