ПО ОДЛИЧНО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА ВО СКОПЈЕ, СЕ СЕЛИ ВО МАВРОВО

Нема одмор, Брестовац во нова европска мисија, овој пат со кадетите

Данило Брестовац има само еден ден да ги собере импресиите од ЕХФ Шампионатот, кој се одржуваше во Скопје, а го освои токму Македонија. Младиот стратег го чека нова репрезентативна обврска, со кадетскиот тим. 

објавено: 30 јули 2018 - 12:55

Данило Брестовац има само еден ден да ги собере импресиите од ЕХФ Шампионатот, кој се одржуваше во Скопје, а го освои токму Македонија. Младиот стратег го чека нова репрезентативна обврска, со кадетскиот тим.

Ден пред финалето го објави списокот од 22 ракометари што ги повика на првиот собир за почеток на подготовките за ЕХФ Шампионатот што во периодот од 10 до 19 август ќе се игра во Грузија. Базата е Маврово, со тренинзи стартуваат утре.  

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) на ЕХФ Шампионатот во Грузија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург. Првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, а само освојувачот на турнирот ќе обезбеди место на наредното Европско Првенство.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ:

Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Кристијан Анѓелкоски, Бојан Солев, Марко Кизиќ, Давид Даев, Теодор Тодески, Мартин Ивановски, Александар Стојков, Димитар Ристовски

Најново во Ракомет