КАДЕТСКАTA РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕХФ ШАМПИОНАТОТ

Најдоброто го чуваме за крај, преку Белорусија до финале

Само една пречка остана за машката кадетска репрезентација на Македонија да се најде во финалето на ЕХФ Шампионатот во Грузија. Белорусија е противникот, кој заврши како второпласиран во групата Б и со кој ќе се соочиме во вториот полуфинален меч, денеска (17:15).

објавено: 18 август 2018 - 13:30

Само една пречка остана за машката кадетска репрезентација на Македонија да се најде во финалето на ЕХФ Шампионатот во Грузија. Белорусија е противникот, кој заврши како второпласиран во групата Б и со кој ќе се соочиме во вториот полуфинален меч, денеска (17:15).

Избраниците на селекторот Данило Брестовац до викендов имаа беспрекорен шампионат. Пет натпревари, пет победи, прво место во групата А и крила дека кадетите може да се изборат за евро-билети за ЕП У18 и У20 во 2020 година. Веќе играа на првенството во Тбилиси кога разбраа дека тие мора да го понесат товарот и за младинците и на двете генерации да им донесат радост. Но, се покажаа дека се дораснати за тоа. Од меч во меч нашите репрезентативци не разочаруваат, напротив, како најдоброто да го чуваат за крај.
Уште два чекори до врвот, најтешките, но и најслатките. Белорусија стои прва на патот, а потоа треба мирно да се подготвуваме за подобриот од дуелот меѓу Италија и Швајцарија.

ЕХФ ШАМПИОНАТ У18
ПОЛУФИНАЛЕ
Денеска
Италија – Швајцарија 15:00ч.
Македонија – Белорусија 17:15ч.

Најново во Ракомет