НАШИОТ ДЕСЕН БЕК ИМА УШТЕ ЕДЕН МЕЧ НА СП

Лазаров втор стрелец на Мундијалот, најефикасен е Хансен

После шест одиграни натпревари на Светското првенство нашиот десен бек е на второто место на листата најдобри стрелци.

објавено: 20 јануари 2019 - 09:44

Кирил Лазаров се наоѓа на второто место со 39 голови, а до крајот на Мундијалот имаме уште еден меч денеска од 13:00 часот во Келн против Чиле за 15. позиција.

Секако уште една шанса македонскиот репрезентативец да го зголеми бројот на погодоци, а моментно поефикасен од него е само Данецот Микел Хансен со 42 голови.

Во Топ 5 се наоѓа и еден од нашите следни ривали, Ервин Фојчман со 37 погодоци, зад репрезентативецот на Катар, Али Јусеф (38).

Најново во Ракомет