ПРИЧИНА ПЛУС ДА ГО ПРОДОЛЖИЕМ КОНТИНУИТЕТОТ

ИХФ со добра вест за Македонија

Советот на ИХФ одлучи Светските првенства во сите категории од 2021 година да бидат проширени од 24 на 32 репрезентации.

објавено: 19 октомври 2018 - 12:35

Македонската репрезентација и тоа како има добра причина да го продолжи континуитетот на Светските првенства. Од Доха стигнаа одлични вести, советот на ИХФ одлучи Светските првенства во сите категории од 2021 година да бидат проширени од 24 на 32 репрезентации.

Последниот мундијал со 24 репрезентации ќе се одигра во јануари следната година, домаќини се Данска и Германија, а секако Македонија ќе биде дел од ова големо натпреварување. 

Одлуката се однесува за младинските како и за сениорските првенства, и во машка и во женска категорија.

 

Најново во Ракомет