МАКЕДОНИЈА ОТВАРА СО ТУРЦИЈА

И ракометарите летнаа за Тарагона, ќе ги пречека Парондо (ФОТО)

По одбојкарската и македонската ракометна репрезентација замина за Тарагона, домаќинот на Медитеранските игри. Нашата селекција ќе биде комплетна во Шпанија со приклучувањето на Роберто Парондо Гарсија, кој по бараж мечот со Романија за пласман на СП доби неколку денка одмор. 

објавено: 21 јуни 2018 - 09:51

Ракометниот турнир на медитеранските игри во Тарагона почнува на 23 јуни, а Македонија се наоѓа во група со Египет, Србија и Турција. Според распоредот на натпревари, првиот меч го играме со Турција на 23 јуни, ден подоцна се среќаваме со Египет, додека групната фаза ќе ја затвориме на 25 јуни.

Следува ден одмор, а натпреварите за конечен пласман на Игрите продолжуваат од 27 јуни до 1 јули, за кога се закажани финалните средби.

Список на ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски.

Најново во Ракомет