ПРЕД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ ВО КОЖАНИ

Грците со индиректна порака до Македонија, подготвени се да го напуштат теренот

Претседателот на грчката ракометна федерација, Костас Гантис, се закани дека утре можат да го напуштат теренот доколку од нашиот табор има политичка провокација.

објавено: 27 октомври 2018 - 20:54

Дуелот меѓу Грција и Македонија во рамките на второто квалификациско коло за пласман на ЕП 2020 во Кожани е во центарот на вниманието. Вечерва претседателот на грчката ракометна федерација, Костас Гантис, испрати порака до нашиот табор, доколку наидат на провокации ќе го напуштат теренот.

Нашите ракометари на дресовите ќе мора да го имаат името кое е признаено меѓународно, ова значи дека скратеницата МКД не смее да фигурира никаде. 

„Доколку има провокации дефинитивно ќе го напуштиме теренот. На ова гледаме како на спортски меч, а соседната земја треба да го користи името со кое е признаена меѓународно. Нема да мериме ништо. Оваа година бевме на Европско младински првенство во Скопје, се беше како што треба. Исто така по ждрепката во Трондхајм одржавме состанот со претставници на федерацијата на ФИРОМ и претседателот на ЕХФ, Михаил Видерер. Ни беше ветено дека нема да се повторат настаните од европскиот младински шампионат во 2017, кога некои официјални лица на клупата носеа маици со натпис кој не требаше да стои", изјави првиот човек на тамошната федерација.

Дуелот меѓу Грција и Македонија се игра со почеток во 16 часот во Кожани. За потсетување донесени се одлуки за поголема безбедност, персонал, сообраќајни мерки пред, за време и по натпреварот. Се дефинира како меч од висок ризик, нема да бидат достапни билети.

Сите покани ќе бидат означени и идентификувани со лична карта и име, сите кои ќе немаат покана или акредитација ќе им биде забрането да влезат во салата, а вратите ќе бидат отворени на еден и пол час пред почетокот на мечот.

Најново во Ракомет