МОРА ДА ГАЗИМЕ ЦВРСТО НА ЗЕМЈА

Гонзалез порачува: Ништо не е завршено, не чека тешка работа

Македонија е близу до пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска.  

објавено: 10 јуни 2018 - 22:44

Македонија е близу до пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Нашите ракометари ја оправдаа фаворитската улога против Романија, на првиот бараж двомеч во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа со 32-24.

Сепак од нашиот табор предупредуваат дека ништо не е завршено, мора да се одигра добро и во Клуж. 

„Во Скопје го одигравме првото полувреме, додека во Клуж го играме второто. Имаме убава разлика од осум гола, но мора да ни биде јасно дека ништо не е готово и не чека тешка работа во реваншот.
Имавме проблеми на стартот од натпреварот, со нивната "седум на шест" во нападот, но ја консолидиравме играта, делувавме одлично во нападот и со контранапад дојдовме до предност која ја држевме до крај. Мора да се однесуваме како да е нула-нула и да се бориме до последната минута и таму затоа што ќе биде многу многу тешко.“, изјави Раул Гонзалез по мечот.

Слично како и селекторот, Раул Гонзалез, размислува и Дејан Манасков. 

„Добар натпревар, секогаш е добро да се игра пред домашната публика. Ја заслуживме победата, но мислам дека не е готово. Тука го одигравме првото полувреме, не чека нов меч на гости, имаме предност од осум разлика и таму треба да патуваме како да е нерешено“, изјави Дејан Манасков. 

 

 

Најново во Ракомет