МУНДИЈАЛСКИОТ СОН НЕ СМЕЕ ДА ЗАВРШИ

Гонзалез и неговите момци во нова мисија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација ќе го бара шестото учество на Светските првенства. Романија е нашата пречка за Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Данска и Германија.

објавено: 4 јуни 2018 - 17:00

Нова мисија е пред Раул Гонзалез и неговите избраници. Македонската ракометна репрезентација ќе го бара шестото учество на Светските првенства. Романија е нашата пречка за Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Данска и Германија.

Шпанскиот стратег повика на 20 ракометари, само двајца од нив ќе го прошуштат првиот тренинг. Филип Миркуловски и Филип Талески, вчера ги завршија своите обврски кон Вецлар односно Рајн Некар. Од утре ќе му бидат на располагање на Гонзалез.

Иако речиси сите се истрошени од напорната сезона, сепак кога станува збор за националниот тим, се сè менува...На заморот се заборава, со насмеани лица и голема желба нашите ракометари се појавија на прозивката.

Првиот натпревар го играме на 10 овој месец во СЦ „Борис Трајковски", додека реваншот е закажан за три дена подоцна. Билетите веќе се пуштени во продажба, по цена од 100 и 200 денари.

Најново во Ракомет