МЛАДИНЦИТЕ ДЕНЕСКА ИГРААТ ПРОТИВ ИТАЛИЈА

Брестовац: Не размислувам на ништо друго освен на победа

По Велика Британија, потребно е да се елиминира уште еден аутсајдер пред да може да се гледа кон врвот на групата Б.

објавено: 23 јули 2018 - 13:30

По победничкото отворање на ЕХФ Шампионатот У20 во Скопје, машката младинска репрезентација на Македонија, попладнево, 18 часот, во СЦ „Борис Трајковски" го пречекува вториот ривал во групата Б – Италија.

Младинците имаат задача да го елиминираат и вториот аутсајдер во своето друштво пред да може да размислуваат на главните предизвици – Украина и Швајцарија и да гледаат кон врвот во групата Б, кој носи и во полуфиналето на шампионатот.

Селекторот Данило Брестовац имаше доволно време, два дена, да го одмори тимот, но и да го подготви за дуелот со Италија. Тој вели дека не размислува за ништо друго освен победа. 

"Не сакам да размислувам за друг исход освен победа. Верувам во момците, работевме добро во изминатиот период и верувам дека имаме што да прикажеме на терен. Италија ја респектираме како селекција, но ние на овој турнир сме за нешто повеќе од една победа над Велика Британија", изјави селекторот Данило Брестовац.

Италија првенството го почна со пораз беше совладана од Украина со 30-25.

Најново во Ракомет