„ЕЛ КОМАНДАНТЕ“ ЗАПОЧНУВА НОВА АВАНТУРА

Раул пристигна во Париз, „светците“ од него чекаат титули

Шпанскиот стратег кој се прослави како предводник на Вардар, сега е во „градот на светлината“ каде ќе седи на клупата на ПСЖ

објавено: 18 јуни 2018 - 18:57

Раул Гонзалез започнува нова тренерска авантура. Досегашниот тренер на Вардар, пристигна во Париз каде ќе го превземе кормилото на тимот на Пари Сен Жермен. Раул со Вардар направи одлична ракометна приказна, а најголемиот успех е освојувањето на Лигата на шампионите. 

Токму трофејот од ЛШ е тоа што му недостасува на ПСЖ. Затоа „светците“ го ангажираа Раул, со надеж дека следната сезона тие ќе се радуваат на фајнл-фор турнирот во Келн. 

Најново во Ракомет