ЛОШ СТАРТ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ ВО ТАРАГОНА

Ракометарите поразени од Турција

Македонија ја имаше улогата на благ фаворит пред мечот, но противникот изненади и на крајот се радуваше

објавено: 23 јуни 2018 - 18:00

Машката ракометна репрезентација која е дел од медитеранските игри во Тарагона, со пораз стартуваше, откако загуби со 26:29 во дуелот со Турција. Пред почетокот на дуелот, нашите момци ја имаа улогата на фаворити, но на теренот не беше така. 

Турците со ангажирана игра уште во првите 30 минути најавија дека се подоготвени да изненадат, па на полувремето имаа предност од 15:13. Нашите ракометари се обидоа во вториот дел да ја надополнат негативата, но Турција не само што не попушти во темпото, туку ја оддржуваше позитивата, па ги доби и вторите 30 минути со 14:13, односно за на крајот по 60 минути да биде 29:26.

Мартин Поповски даде седум гола од 9 обиди, а исто толку погодоци имаше и Филип Кузмановски, но од 16 удари. Мартин Велковски даде пет погодоци од осум обиди, а во листата нс стрелците се запишаа и Пешевски (2 гола) Маџовски (1), Чурлевски (1), Крстевски (1), Ојлески (1), Димитриевски (1). 

Сега на нашите ракометари им останува во следните два меча од групата, против Србија и Египет, да успее да сигне барем до второто место кое носи прогрес понатаму. 

Најново во Ракомет