ЦРНА ГОРА ИЗВИСИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕП

Радичевиќ: Не успеавме, но има време за овој тим

Ракометарките на Црна Гора со поразот од Данска го завршија настапот на Европското првенство. Со четири бода остануваат трети во групата зад Русија и Франција

објавено: 12 декември 2018 - 19:00

Црногорките изгубија од Данска со минимални 24:23 во последниот меч од втората фаза на Европското првенство, а со овој пораз ги изгубија шансите за пласман во полуфиналето. Данките водеа во поголемиот дел од мечот, имаа и пет голови предност, но во еден момент „Лавиците" стигнаа до 18:18. Сепак, Данките се покажаа како преголем залак за оваа црногорска екипа.
Хансен со шест гола беше најефикасна во победничката селекција, додека Јованка Радичевиќ постигна седум за селекцијата на Црна Гора.

Тешко е да се каже било што. Првото полувреме го одигравме многу лошо, им дозволивме на Данките да нѐ „истепаат"... Во второто бевме подобар противник, но тоа не беше доволно. Немавме среќа при последниот гол кога топката од блокот влезе во мрежата...", изјави Радичевиќ.

Мораме да бидеме горди. Нема лесни противници на шампионатот. Точно дека не ја исполнивме целта, но има уште време за оваа репрезентација", додаде поранешната вардарка.

Црна Гора ќе го освои третото место во групата само во случај Шведска и Русија да ремизираат.
Во Б групата Норвешка беше надмоќна против „фенерџијата" Шпанија (33:26), а најдобар стрелец беше Офтедал со седум гола.
Другите натпрвари се играат вечерва.

Најново во Ракомет