ИГРАЧИТЕ НА КИЛ СЕ СВЕСНИ

Потребно е да имаме совршен ден за да го елиминираме Вардар

Германскиот гигант во првиот меч загуби на свој терен со 29:28 и денеска во „Јане Сандански“ се надева на реванш

објавено: 29 април 2018 - 13:30

Вардар ја има пол-позицијата пред денешниот реванш дуел против Кил, по кој ќе се знае патникот за фајнл-фор турнирот во Келн. Сепак, кога се во прашање Германците, никогаш не може да се биде мирен и сигурен, и покрај победата на Вардар на гости од 29:28. 

Играчите на Кил се свесни дека во Скопје тешко кој победил, но не се предаваат предвреме. 

„Можеме да стигнеме до Келн, потребен ни е само совршен ден", вели бекот Миха Зарабец. 

Десното крило Оле Рамел вели дека допрва следи второто полувреме од двомечот. 

„Полувреме е и со сигурност можам да кажам дека не сме фаворити во пресрет на вториот дел, но тоа може да биде добро за нас", оптимист е Рамел.

Играчите на Кил утрово прошетаа во близина на салата и се релаксираа пред беспоштедната борба која ги очекува од 17 часот против европскиот првак Вардар. 

 

Најново во Ракомет