По неуспехот против Македонија

Пасквал повеќе не е селектор на Романија

Шпанецот реши да се посвети само на клупската работа во Барселона

објавено: 13 јуни 2018 - 19:42

Од Клуж, Марија Ковачева

Пировата победа на Романија против Македонија, значеше и крај на селекторската работа на Чави Пасквал. Шпанскиот стратег реши да се повлече од селекторското место на Романија и ќе продолжи да работи само како тренер на Барселона.

„Јас го обновив договорот со Барселона и ќе продолжам да работам таму. Бидејќи ќе имам обврски и во репрезентацијата и во клубот, нема да можам да ги извршувам понатаму и двете функции. Имам само благодарни зборови на играчите и на сите вклучени. Можеби ракометарите ги немаат резултатите кои сите ги очекуваат, но земјата е горда на нив. Им благодарам и на сите од мојот стручен штаб, бидејќи не е лесно да се работи со мене. Како што вели жена ми, јас сум комплицирана личност. Луѓето од Федерацијата знаат дека можат да продолжат да сметаат на помош од мене. Благодарност и за мојот клуб, кој ми дозволи да го имам ова искуство. Благодарност на сите Романци, останете силни, направивте и јас да се чувствувам како Романец. Мене ми е тешко што се повлекувам“, рече Пасквал по мечот во Клуж.

Најново во Ракомет