Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја репрезентира нашата земја во Европа.
Маркоски е искусен ракометар, кој го носеше уште дресот на Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а во Романија минатата сезона настапуваше за унгарскиот клуб на Орошази.
Договорот на 28-годишниот пивот со Еурофарм Работник е со важност до јуни следната година.