ДРАСТИЧНА КАЗНА ЗА ОНИЕ КОИ ГО ПРЕКИНАА МЕЧОТ ПРОТИВ СПАРТАК

Насилниците од Куманово може да заборават на ракометот

Виктор Петковиќ кој е главниот виновник за прекин на дуелот Куманово - Спартак, доби две години суспензија, а дополнително си заработи и приватна тужба од судиите кои ги нападна

објавено: 31 март 2018 - 18:34

Виктор Петковиќ кој е главниот виновник за прекин на дуелот Куманово - Спартак, доби две години суспензија, а дополнително си заработи и приватна тужба од судиите кои ги нападна. Ракометарот на Куманово во 57 минута најпрво започнал вербално да ги напаѓа судиите Стојанчо Јовановски и Виктор Андонов, за што добил црвен картон. 

Наместо да излезе од теренот, Петковиќ и физички ги нападнал арбитрите на мечот. На Петковиќ му се приклучиле уште неколку играчи и се создал хаос на теренот. Мечот во тие моменти бил прекинат. 

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука Петковиќ да биде казнет со две години суспензија, а неговите соиграчи Дамјан Цветковски и Стефан Кузмановски се казнети со суспензија од шест месеци, бидејќи се приклучиле во нападот. 

Куманово како клуб ќе мора да плати 100.000 денари, а мечот против Спартак го загуби службено со 0:10, а остана и без еден бод на своето конто на табелата. Судиите кои биле нападнати од Петковиќ, решиле да поднесат и приватна тужба.

 

Најново во Ракомет