ЕХФ изрече казна

За „Талант Петух“, Вардар казнет со 15.000 евра

Европската федерација не простува. Вардар ќе мора да плати за транспарентот со навредлива содржина истакнат на дуелот со Келце во Скопје.

објавено: 18 јануари 2019 - 14:20

Македонскиот ракометен првак Вардар доби казна во висина од 15.000 евра, поради транспарент развиорен на трибините во Скопје за време на мечот од првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите против полски Келце.

Станува збор за транспарентот на кој имаше слоган „Талант Петух“, наменет за гостинскиот тренер Талант Душебаев. Келце веднаш по мечот го пријави Вардар во ЕХФ, по што европската федерација одлучила да го казни нашиот првак со висока парична казна.

Во образложението на казната од ЕХФ наведуваат дека содржината на транспарентот ги крши принципите и основните вредности на спортот. 

Најново во Ракомет