ВАКА ГО ЛИЧИ ВАРДАР ВО ЛШ

Вулканот „Јане Сандански“ се разгорува: Останаа помалку од 600 билети

Македонскиот првак, Вардар на утрешниот дуел против Рајн Некар во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите ќе има максумална поддршка од трибините. 

објавено: 5 октомври 2018 - 11:30

Информациите од официјалната страница на „ticketplus.mk“ велат дека вулканот СЦ „Јане Сандански“ конечно ќе се разгори сезонава. По оние скромни 2.000 фанови против Крстијанштад, Вардар на утрешниот меч против Рајн Некар во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите ќе има максимална поддршка од трибините.

До овој момент во слободна продажба останаа помалку од 600 билети кои сигурно ќе бидат продадени за кратко време. Цената на поединечните карти изнесува 350 и 400 денари.

Полна сала или онаа неверојатна атмосфера во која „црвено-црните“ уживаа секоја сезона ќе биде и тоа како значајна во обидот на Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници да ја запишат четвртата победа во низа во елитното натпреварување.

Мечот меѓу Вардар и РНЛ е закажан со почеток во 17:30 часот.  

 

Најново во Ракомет