ПО РАЗДЕЛБАТА СО КИЛ

ВТОРА СРЕЌА: Вардар влегува во трка за Дизингер?

Германскиот репрезентативец, Кристијан Дизингер од денеска е слободен играч. Иако имаше договор со Кил до 2020, сепак двете страни одлучија да ја прекинат соработката.  

објавено: 8 октомври 2018 - 14:34

Кристијан Дизингер е во центарот на вниманието. Германскиот репрезентативец пред време ја раскина соработката со Кил и ги дигна на нозе европските клубови. Иако 26-годишниот лев бек имаше договор до 2020 година, сепак двете страни одлучија да се разделат.

Дизингер е интересен и за Вардар. Во моментов македонскиот првак на левата бековска позиција го има Вуко Борозан, Грегор Оцвирк и Сергеј Горбок (кој е надвор од терените), но со оглед на тоа дека црногорскиот репрезентативец долго време има проблем со повредата на коленото, Германецот би бил одлично надополнување во составот на „црвено-црните“. 

Овој играч веќе еднаш беше во плановите на Вардар, во 2013 година преговорите завршија неуспешно. 

26-годишниот ракометар во Кил дојде во 2015 година. За Германија настапи на ЕП 2016 во Полска, кога стана првак со својата репрезентација, а беше дел од ОИ во Рио. Во дресот на бундес-лигашт има одиграно 130 натпревари и има постигнато 235 гола.

Најново во Ракомет