ОВИЕ ДЕНОВИ Е НАЈЛОШО ДА СИ ВАРДАРЕЦ

Во Вардар се „полудени“, им „прегореа„ телефоните

„Сезонските билети беа пуштени во продажба пред почетокот на ракометната сезона, а билетите за натпреварот во недела пред десетина дена“, вели Марко Савовски. 

објавено: 5 ноември 2018 - 20:56

Овие денови се чини најдобро е да немаш никаква поврзаност со РК Вардар. Дуелот со Барселона направи вистински бум, се бара билет повеќе. Очигледно на симпатизерите им тешко да сватат дека билети за седење веќе одамна нема, во слободна продажба од утре ќе има нови 200 карти за стоење кои се последни. 

А кога станува збор за спортските натпревари навиките не се променети. Овие денови телефоните на сите вработени во Вардар буквално ѕвонат на 30 секунди, па токму затоа оператвниот менаџер на македонскиот првак, Марко Савовски се огласи на својот „Фејсбук“ профил и побара да се почитуваат приватноста на играчите, вработените, челновите на стручниот штаб...Фановите одамна може да си обезбедат билети, пред стартот на сезоната, но и речиси пред еден месец кога истите беа пуштени во продажба. 

Најново во Ракомет