ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДУЕЛОТ ВО СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

ВЛОГОТ Е ИСТ: Вардар знае како против Келце во „вулканот“

„Црвено-црните" и полскиот првак имаат одиграно седум натпревари во Лигата на шампионите. 

објавено: 1 декември 2018 - 11:30

Посебно инспирирани и мотивирани се „црвено-црните" за дуелот со тимот на Талант Душебаев, кој беше првиот сезонава кој му нанесе пораз на Вардар. Капитенот Стојанче Стоилов кажа дека екипата има особена желба да го победи Келце, а тие се единствените кои можат да си ја исполнат, заедно со преполната „Јане Сандански".

И за Вардар и за Келце овој натпревар може да значи сè или ништо. Двата тима се директни противници за второто место во групата А и се во „мртва трка" да презимат на таа позиција.

Вардар во досегашните седум соочувања со Келце има две победи, и двете се на домашен терен, што значи дека попладнево е шансата за „трета среќа". Полјаците петпати триумфирале, заедно со оној меч од пред месец дена, 31:27, во првото соочување во групата А за оваа сезона. „Црвено-црните" и полскиот првак третпат се среќаваат во групната фаза и еднаш, во сезоната 2014/2015 играа во четвртфиналето, кога Келце го елиминираше Вардар.

Многу причини за „расчистување" на сметките имаат вардаровите ракометари, а ако на сето тоа се додадат и наелектризираната атмосфера и провокациите на кои подлежеа на гостувањето во Келце, тогаш со сигурност може да се каже дека Полјаците ќе го доживеат скопскиот пекол во најсилна можна форма, како на теренот, така и од трибините.

Што се однесува до распоредот на силите со кои ќе располагаат ривалите, се чини дека и тука се изедначени. Роберто Парондо нема да може да смета на Вуко Борозан и Рожерио Мораес, додека во тимот на Таланд Душебаев ќе ги нема Михал Јурецки и Марко Мамиќ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ МАЖИ
10. КОЛО
ГРУПА А
Вардар – Келце сабота
Кристијанштад – РНЛ сабота
Барселона – Мешков Брест недела
Веспрем – Монпеље недела
ТАБЕЛА
1. Барселона 9 8 0 1 310:251 16
2. Келце 9 6 0 3 287:275 12
3. Вардар 9 5 1 3 256:250 11
4. РНЛ 9 5 0 4 280:267 10
5. Веспрем 9 5 0 4 263:255 10
6. МешковБрест 9 2 1 6 245:274 5
7. Кристијанштад 9 2 1 6 257:302 5
8. Монпеље 9 1 1 7 246:270 3
ГРУПА Б
Флензбург – Пик Сегед 27:25 (14:14)
Јондал 8, Готфридсон 5 – Бодо 5, Македа 4
ППД Загреб – Мотор З. сабота
ПСЖ – Скјерн сабота
Целје – Нант недела
ТАБЕЛА
1.ПСЖ 9 8 0 1 282:241 16
2. ПикСегед 10 7 1 2 300:285 15
3. Флензбург 10 5 0 5 274:266 10
4. Нант 9 3 2 4 269:257 8
5. Мотор З. 9 3 1 5 273:275 7
6. Скјерн 9 2 2 5 251:270 6
6. Целје 9 3 0 6 233:260 6
7. ППД Загреб 9 2 2 5 225:253 6

Најново во Ракомет