ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ

Веспрем за дуелот со Вардар ќе има поддршка, во Скопје доаѓаат 200 навивачи

Унгарскиот вицепрвак на својата официјална страница објави дека за дуелот со македонскиот првак во Скопје ќе има поддршка од 200 фанови. 

објавено: 4 јануари 2019 - 17:56

Додека сите погледи се свртени кон Светското првенство во Данска и Германија кое стартува за шест дена, Веспрем излезе со интересна информација. За реванш дуелот со Вардар во рамките на Лигата на шампионите закажан за 16 февруари, унгарскиот вицепрвак ќе има поддршка од 200 навивачи. 

Цената на билетите е осум евра и истите веќе може да се купат.

За постетување, Веспрем е еден од оние тимови против кои Вардар во првиот дел славеше на гостински терен (27-25). Македонскиот тим е на второто место на табелата во групата А. Пред оваа средба, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници му гостуваат на Рајн Некар. 

 

Најново во Ракомет