Пред дуелот во Скопје од ЛШ

Веспрем имаше супер-генералка пред Вардар, Манасков постигна 5 гола!

Ракометарите на Веспрем ја остварија и 12-тата последователна победа во сите натпреварувања.

објавено: 12 февруари 2019 - 19:41

Пред доаѓањето во Скопје на саботното дерби со екипата на Вардар во Лигата на шампионирте, ракометарите на Веспрем имаа успешна генералка во домашниот шампионат. Во мечот од 15. коло пред своја публика, второпласираниот тим во унгарската ракометна елита славеше убедливо над екипата на Будикалаш со 36:17.

За разликата во квалитет на двата тима и не треба да се зборува. Домашниот тренер на овој меч се обиде да ја задржи свежината на главните играчи во тимот, кои главно добија просечна минутажа. Нашиот Дејан Манасков беше главно на паркетот во второто полувреме кога успеа да постигне и 5 гола во гостинската мрежа.

Веспрем останува без пораз во сите натпреварувања во серија на последните 12 меча. Последен пат унгарскиот великан беше поразен во Лигата на шампионите на гостувањето кај Кристианштад на 10 ноември минатата година.

Најново во Ракомет