НАЈДОБРИ ЗА 2018 ГОДИНА

Вардарци жнеат награди во своите земји

Данис Кристопанс најдобар ракометар во Летонија, Дејан Милосављев број еден во Србија. 

објавено: 27 декември 2018 - 22:05

Дел од играчите на Вардар оваа година ја завршуваат со важни признанија. Летонскиот џин, Данис Кристипанс одново е прогласен за најдобар во својата земја, тој петтипат по ред ја освои оваа награда.

И Дејан Милосављев се закити со вакво признание, првиот голман на македонскиот шампион е број еден ракометар во Србија.

За постетување пред една недела, благодарение на настапите во „црвено-црниот“ дрес, награди добија и екс-вардарците Лука Циндриќ и Андреа Пенезиќ.

Најново во Ракомет