НОВО ОД МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Вардар објави и мени пред Барселона

Два часа пред мечот со Барселона ќе биде отворена фан-зоната. 

објавено: 8 ноември 2018 - 18:02

На три дена пред мечот со Барселона од таборот на Вардар секојдневно ги информираат своите фанови со корисни совети. И денеска на официјалната страница имаше детали околу фан-зоната, како и менито кое ќе биде на располагање на сите оние кои ќе дојдат два часа порано. 

„Вардар влегува во добар ритам и во недела во Скопје во групната фаза од лигата на шампионите гостува Барселона. Средбата е закажана за 17 часот. Капацитетот на салата е распродаден, а дополнително за сите навивачи и посетители ќе биде организирана и фан зона пред платото на СЦ „Јане Сандански".

Фан зоната ќе биде отворена од 15 часот па се до почетокот на натпреварот. Таму заедно ќе ги пречекаме нашите ракометари и ќе им дадеме поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе врие од навивачки набој и многу песни“, се вели во соопштението на шампионот.

Најново во Ракомет