МАЛ, НО ВАЖЕН ДЕТАЛ ЗА КАТАРЕЦОТ

Потенцијалното засилување на Вардар е пикер-рекордер на светските првенства (ВИДЕО)

Катарскиот репрезентативец, Јусеф Бен Али е на добар пат да стане нов член на македонскиот првак, Вардар. 

објавено: 27 јануари 2019 - 15:30

Утринава пишавме дека Јусеф Бен Али е на добар пат да стане дел од таборот на Вардар, челниците на македонскиот првак и искусниот пикер веќе ги почнале преговорите.

Иако неговиот договор со францускиот тим Шарт истекува во јуни 2020 година, сепак доколку се договорат двете страни во Скопје да дојде порано, како замена за Рожерио Мораес кој веќе е договрен со Веспрем.

Бен Али дресот на Катар го носи од 2013 игра, тој со 45 гола на Светските првенства е рекордер на постигнати голови кога станува збор за пикерите, играчот со најмногу погодоци е нашиот капитен Кирил Лазаров со 92.

 

 

 

Најново во Ракомет