РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГО ПРЕДВОДЕШЕ РНЛ

Талески во главната улога, „лавовите“ доаѓаат победнички во Скопје

Рајн Некар ја забележа шестата победа во Бундес-лигата, на домашен терен го сволада Гумерсбах (30-24) во одлично издание на Филип Талески. 

објавено: 4 октомври 2018 - 20:44

Рајн Некар во победничка атмосфера доаѓа во Скопје. Германскиот тим предводен од македонскиот репрезентативец, Филип Талески на домашен терен го совлада Гумерсбах со 30-24 во рамките на седмото коло во томашниот шампионат.

Талески ја пружи најдобрата партија сезонава, зад своето име запиша пет гола од осум обиди.Токму благодарение на него Рајн Некар по негативата од 10-14 на полувремето успеа да се врати во игра и на крајот да ја запише шестата победа во Бундес-лигата.

Вториот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски беше поразен на домашен терен од Бергишер со 25-27. Миркулпвски мечот го заврши со еден погодок.

По седмото коло, Рајн Некар е на третото место на табелата зад Мегдебург и Фленсбург, додека Вецлар е на 13. место. 

 

Најново во Ракомет